Што треба лидерот да направи за својот тим

24

leader-2206099_960_720

Фото: Pixabay

Многумина на лидерството гледаат како на комплексна работа и вештина за којашто е потребно многу знаење, но водењето на тим може да биде многу едноставно. Ако сакате да бидете добар лидер треба да се фокусирате на овие четири работи.

Јасни насоки

Ова е најважната работа што треба да ја заврши секој лидер. Секогаш давајте му јасна насока на тимот и запознајте го со целите и задачите што треба да се завршат. Доколку на членовите од тимот не им дадете јасни насоки тоа може да доведе до конфузија, неусогласеност, фрустрација, откажување… Затоа, многу е важно да знаете дали тимот ве следи во работите коишто треба заедно да ги завршите. Кога членовите на тимот знаат што треба да прават, тогаш може да ве изненадат со нивната генијалност и способност.

Поддршка

Лидерот е личност која стои пред своите следбеници и се грижи за нив. Тимот може да ја заврши и “невозможната“ работа доколку лидерот овозможи сè што е потребно за успешно завршување на задачите. Кога ќе го поставите тимот да биде успешен, многумина од нив ќе ја зграпчат можноста за да успеат. Лидерството значи да работите за вашиот тим, а не тие на вас. Тоа не значи дека треба да ја извршувате нивната работа, туку да им овозможите добра работна средина и помош доколку им е потребна.

Простор

Дајте му на тимот простор за да ја заврши работата. Обезбедете поддршка и не им создавајте дополнителен стрес преку контролирање на секој детаљ во нивното работење. Микроменаџирањето е фрустрирачко и демотивирачко, а исто така може да доведе и до грешки. Кога чувствуваат слобода во извршување на работата, членовите на тимот ќе бидат покреативни и своите обврски ќе ги исполнуваат без потешкотии.

Пофалба

Позитивниот фидбек е клучен за градење на голем тим што постигнува добри резултати. Потребно е да ги препознаете волјата и напорот на тимот. Треба да создадете соодветна култура на и да почнете од препознавање на напорот.