Швајцарска банка планира да укине илјадници работни места ширум светот

69

Швајцарската банкарска групација Credit Suisse расправа за укинување на илјадници работни места ширум светот, објави  Bloomberg News, повикувајќи се на добро информирани извори.
Во следните неколку месеци, групацијата се очекува да ги финализира плановите и да ги истражи неефикасностите во секојдневното управување со инвестициите, како и одделенијата за ризик и информатичка технологија, како дел од напорите за преобликување на својот бизнис со инвестициско банкарство, со седиште во Њујорк се вели во извештајот на агенцијата.

Кон крајот на јули, Credit Suisse објави загуба од 1,59 милијарди швајцарски франци (1,65 милијарди долари) за вториот квартал, што е далеку под очекувањата на пазарот.

Банката минатиот месец, исто така, го именуваше шефот на управувањето со средства Улрих Кернер за нов извршен директор. Неговата задача е да го намали секторот за инвестициско банкарство и да ги намали трошоците за повеќе од милијарда долари за да и помогне на банката да се опорави од серијата скандали и загуби.

Credit Suisse Bank претходно најави дека има намера да го скрати рокот за штедење со забрзување на спроведувањето на мерките, воведени во ноември минатата година како дел од програмата за реорганизација, со цел до 2024 година систематски заштеди од 1,0 до 1,5 милијарди франци годишно.

Банката ги заостри контролите откако претрпе загуби од милијарди долари поради грешки во управувањето со ризикот и деловните прилагодувања.