Швајцарската централна банка ги отфрли обвинувањата на САД за манипулација со валутата

Швајцарската национална банка (СНБ) денес ги отфрли обвинувањата на Соединетите Американски Држави за манипулација со валути.

Министерството за финансии на САД повторно ја додаде Швајцарија на списокот на земји под надзор поради наводни нефер трговски и валутни практики, но СНБ тврди дека не манипулира со швајцарскиот франк.

„Не се обидуваме да спречиме прилагодувања на трговскиот биланс, ниту да обезбедиме нефер конкурентска предност за швајцарската економија“, се вели во соопштението на швајцарскиот регулатор.