Швајцарскиот банкарски гигант УБС отпушта 10.000 вработени

33

УБС, еден од најголемите светски банкарски гиганти кој моментално вработува 63.520 луѓе, во своите соопштенија до тамошните медиуми ја објави својата одлука за отпуштање на 10.000 вработени.

Одлуката кои и колку точно вработени ќе бидат отпуштени ќе се знае во официјалната прес-конференција на 30 октомври оваа година. Истиот ден ќе бидат претставени кварталните резултати кои според одредени информации се навистина загрижувачки.

На ударот на отпуштања ќе бидат секторите и одделите за информатичка технологија во кои во моментов работат околу 8.000 вработени, од кои 3.200 се Швајцарци.

Според тамошните експерти и неофицијални извори, причина за падот на УБС е неликвидноста на кредитите издадени за голем број на компании, од кои 46% се од Грција.