Шведски Absolut го прекина извозот на вотка во Русија по повиците за бојкот

28

Шведската компанија The Absolut Company, која меѓу другото произведува вотка Absolut, објави дека повторно го запира извозот на своите производи во Русија. Одлуката уследи по повиците за бојкот на брендот на социјалните мрежи, откако беше објавено дека тие го продолжиле извозот на производи во Русија во април, пренесува француската новинска агенција АФП.
Главниот извршен директор на Absolut, Стефани Дуро, ја објасни одлуката дека компанијата ја исполнува својата „должност да се однесува внимателно кон своите вработени и партнери и дека не можеме да ги изложиме на масовни критики во сите форми“.

Францускиот Pernod Ricard, кој е сопственик на Absolut, потврди за AFP во април дека продолжил со извоз на некои производи во Русија. Извозот беше прекинат во март минатата година по рускиот напад на Украина.

Како што објаснија, Русија од ноември минатата година ги променила увозните прописи кои дозволуваат паралелен увоз на алкохол без дозвола на овластени увозници, со што ги заобиколила санкциите на ЕУ.

Истовремено, тие нагласија дека одлучиле да реекспортираат во Русија за да го заштитат својот персонал во таа земја од „кривична одговорност“ и обвинувања за „намерен банкрот“.

Но, таа одлука предизвика бројни критики во јавноста, вклучително и истакнати шведски политичари. Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека е „многу изненаден“ од одлуката.

Други повикаа на бојкот на брендот Absolut, нарекувајќи ја одлуката „морален колапс“ и подарок за рускиот претседател Владимир Путин. Неколку познати барови и ресторани во Стокхолм престанаа да продаваат производи од Pernod Ricard, пренесува AFP.