Шведскиот гигант Икеа воведува радикална промена – инвестира три милијарди евра

95

За време на пандемијата, ИКЕА забележа најголема побарувачка за мебел – од нејзиното основање, бидејќи луѓето поминуваа повеќе време дома и инвестираа во реновирање/обновување.

Групацијата Ингка, која стои зад овој синџир продавници, најави дека до крајот на годината ќе инвестира три милијарди евра во нови и постоечки капацитети, кои треба да ја преземат улогата на дистрибутивни центри за е-трговија.

„Компанијата ќе инвестира пари во сите светски региони, иако приближно една третина ќе биде одредена за лондонскиот пазар, т.е. за нови, пробни формати на продавници, како и за логистички системи“, вели Толга Ончу, менаџер за малопродажба во Групацијата Ингка.

Додава дека повеќето од нив ќе бидат наменети за постоечките продавници на ИКЕА, бидејќи целта на компанијата е трансформација, односно пренамена на просторот. Со други зборови, оваа група, како и многумина, неодамна се прилагоди на растот на продажбата на интернет – со развој на помали капацитети, промена на веб-страницата и воведување нови апликации и дигитални услуги.

Една од услугите е алатка за далечинско планирање.

Испораката на онлајн нарачките од магацинот на блиските продавници на периферијата на градот треба да го скрати времето на испорака и да ја намали нејзината цена, со помали емисии на CO2, во споредба со испораката од логистичките центри, додаде лидерот на групацијата Ингка.