Siemens презема компанија за хируршки роботи за над една милијарда долари

40

Огранокот за медицински уреди на германски Siemens ја купува Corindus, американска компанија што произведува хируршки роботи.

Трансакцијата, како што се наведува, ги опфаќа сите акции на компанијата по 4,28 долари во готовина или вкупно околу 1,1 милијарда долари. Планирано е трансакцијата да биде заклучена до крајот на годината.

Инаку, Corindus произведува роботи што им помагаат на хирурзни при операција на вени и артерии.

Фото: Pixabay