Сигурни знаци дека вашиот вработен е подготвен да стане менаџер

55

menadzer

Фото: Pixabay

Постојат неколку знаци кои покажуваат дека вашиот вработен/вработена треба да добие унапредување. Доколку не сте сигурни како да го направите изборот, еве неколку совети кои ќе ви помогнат во одлуката.

“Моето” станува “наше”

Доколку забележите дека вашиот вработен/вработена почнува често да ги користи зборовите наш, нашиот, нашата, наместо досегашното прво лице еднина, тоа е знак дека тука се раѓа една нова улога на менаџер.

Можат да се менаџираат себе си

Потребно им е се помалку време да ги решат сопствените задачи. Знаат што треба да се направи и тоа го прават одлично.

Се грижат за останатите

Идниот менаџер се грижи за останатите во тимот и настојува сите заедно успешно да ги реализираат своите задачи.

Преземаат одговорност

Знак кој покажува дека вработениот е подготвен да стане менаџер и преземање целосна одговорност за себе и останатите во тимот.

Ги надминуваат очекувањата

Кога работата се завршува одлично и во најкус временски период, кога некој ги надминува очекувањата, погрижете се неговото/нејзиното залагање да биде наградено.

Бараат решенија

Секогаш се ориентирани кон наоѓање на решенија и така ги насочуваат и останатите во тимот.

Спремни за поголема одговорност

Можеби еден од најсигурните знаци е кога самите ја сакаат менаџерската одговорност и функција и бараат да бидат назначени за менаџер.

Волонтираат за лидерски позиции

Тие вработени што се подготвени на ризикот кој оваа позиција го носи и не се плашат да застанат на чело, било да се работи за некој проект или друга задача, се подготвени да станат менаџери.