Silent Pool Gin – најголемото и најскапото шише џин

64

IMG_86151-1024x683-740x480

Silent Pool е производител на алкохолни пијалаци од Сури, Англија, којшто го создаде најголемото и најскапото шише џин во светот, пишува Offlicence. Истоимениот џин од девет литри чини 6.400 евра, а ќе биде преставен на саемот Hedonism Wines во Лондон на 10-ти март.

Шишето е рачно исцртано и потпишано од страна на уметникот Лора Барнет. За декорацијата како инспирација послужиле состојките од коишто се прави џинот, просторот каде што е креиран, како и локалната митологија.

Пијалакот е создаден од 24 билки вклучувајќи лаванда, камилица, мед и зелен лимон, а достапен е и во стандардна големина – 0,7 литри по цена од 52 евра.

CUPPNFHW4AAcukP