Систем ќе ја елиминира вревата во автомобилите за време на возењето

25

Фото: Pixabay

Американската компанија за аудио уреди, Bose го развива системот Quiet Comfort noise control (RNC), што има за да цел да ја елиминира вревата во автомобилите за време на возењето, пишува Inavate.

Со овој проблем веќе со години се соочуваат производителите на автомобили и товарни возила. За нив беше предизвик да се минимизира несаканиот звук во кабината предизвикана од возење по груби патишта, нерамни површини и слично.

Конвенционалното решение подразбира поставување на дебела изолација во возилото, поставување соодветни гуми и други методи, но тоа може да ја зголеми тежината на возилото и во исто време да ја намали ефикасноста на возењето.

Системот користи акцелометри, софтвер за процесирање на звуци, микрофони и звучници коишто во секој момент го мерат нивото на вибрации и звуци и во реално време создава сигнал за акустично анулирање на вревата.