Сите детали за бизнис империјата на Венус Вилијамс

174

Венус е успешна тенисерка, не како нејзината сестра Серена Вилијамс, но нејзиното име ќе го најдете испишано на страниците на историјата на тенисот. Венус Вилијамс не е само успешна спортистка, таа е повеќе од успешна деловна жена која ја градеше својата бизнис империја постепено, без да се експонира. Кога читате за нејзиното бизнис царство, добивате фантастична приказна.

Венус, која има 39 години, во 2002 година ја основаше компанијата V Starr Interiors, која се занимава со уредување на ентериери, што е нејзина голема љубов. Таа ги заврши студиите на Art Institute of Fort Lauderdale.

На почетокот соработувала со мал бутик од Флорида, а потоа го прошири бизнисот на 6,5 милиони долари што ѝ донесе соработка со Boca Raton development, започната во 2012 година. Со нејзината компанија управуваат шест дизајнери и сите се жени.

Венус е вистински борец за рамноправност на жените и мажите во деловниот свет и е една од клучните фигури во Ellevest, дигитална платформа за инвестиции којашто ги охрабрува жените и придонесува (до одреден степен) во родовиот баланс. Нејзин важен потег беше купувањето рагби тимот Miami Dolphins, којшто го купи со својата сестра Серена во 2009 година.

Пред осум години се приклучи на Jamba Juice, компанија којашто се занимава со призводство на здрави сокови, а чиј годишен приход е околу 700.000 долари. Во 2012 година ја покрена модната линија за спортска облека за жени и мажи EleVen.

Венус пред девет години ја напиша книгата Come to Win: Business Leaders, Artists, Doctors and Other Visionaries on How Sports Can Help You Top Your Profession, со Кели И. Картер, каде ги изнесе своите тајни за успех, а беше и бестселер во Њујорк Тајмс.

Големи приходи добива и од спортските договори кои почнала да ги потпишува на 15 години, а чија вредност со тек на времето вртоглаво растат. Магазинот Forbes во 2018 година го процени нејзиното богатство на 95 милиони долари.

Фото: Facebook