
Аналитичарите на „Сити“ сметаат дека во иднина не се очекува понатамошно зголемување на цените на златото и дека во втората половина од следната година цената на унца злато ќе биде помеѓу 2.500 и 2.700 долари.
„Голдман Сакс“ има поинакво мислење – до крајот на оваа година се очекува унца злато со тежина од 31,1 грам да достигне 3.700 долари, а до средината на следната година веќе ќе изнесува 4.000 долари. Централните банки, кои се најважните купувачи на злато, ќе продолжат да бидат важен фактор. „Бенк оф Америка“ исто така верува дека златото ќе достигне 4.000 долари следната година.
Фото: Pixabay