Скапа грешка:Шпанија потроши 258 милиони евра за возови кои не можат да поминат низ тунели

56

Шпанија потроши дури 258 милиони евра за возови кои се преголеми за да минуваат низ тунелите на нејзината железничка мрежа. Откако локалниот весник „Ел Комерсио“ ја разоткри грешката кон крајот на минатиот месец, две лица од висок ранг беа отпуштени од работа.

Шпанската железничка компанија Ренфе нарача 31 приградски воз, но среќа е што тие сè уште не се произведени бидејќи нема да можат да поминат низ тунелите. Тие требаше да го заменат стариот возен парк во слабо поврзаните северни автономни региони на Астурија и Кантабрија.

Првично планирано за крајот на 2024 година, проектот сега веројатно ќе биде одложен најмалку до 2026 година. Исто така, се покажа дека производителот, баскискиот CAF, предупредил за грешката уште во март 2021 година.

Претседателот на регионот Кантабрија, Мигел Анхел Ревиља, тоа го нарече „неопислива грешка“, додавајќи дека поради тоа „нивните глави мора да летаат“, како што пренесува регионалниот весник „Ел Диарио Монтањес“, а пренесува „Еуроњуз“.

Кој е виновен?
Повеќе актери се вклучени во ова фијаско, вклучувајќи го шпанскиот национален железнички оператор Ренфа, менаџерот на железничката инфраструктура Адифа, производителот CAF и Националната агенција за безбедност на железницата (AESF).

По доделувањето на договорот за производство на CAF, Ренфе тврдеше дека обезбедиле мерења врз основа на инфраструктурните спецификации обезбедени од Адиф. CAF, од друга страна, последователно предупреди дека тие спецификации можеби не се точни.

Изградена во 19 век, регионалната железничка мрежа минува низ планинскиот предел и вклучува различни големини на тунели, чија изградба изведувачите не се придржувале до стандардизираните модерни димензии.

Досега се сменети двајца високи функционери – еден од директорите на Ренфе и шефот за инспекција и железничка технологија на Адиф.

Шпанската министерка за транспорт Ракел Санчез вели дека дури неодамна станала свесна за проблемот и започнала внатрешна ревизија за тоа кој знаел за проблемот и зошто неговото решение не било иницирано порано.
Главниот секретар за инфраструктура на Шпанија, Хавиер Флорес, призна дека знаел за проблемот пред неколку месеци.

За среќа, бидејќи возовите сè уште се во фаза на проектирање, тие не се произведени.

Фото: Pixabay