Склучен е договор за продажба на „Еуроникел индустри“, се очекува поранешните вработени да се вратат на работа

45

Склучен е договор за продажба на фабриката на „Еуроникел индустри“.

Се очекува поранешните вработени да се вратат на работа, а повторно да се активираат и сите компании што се директни добавувачи на фабриката.

За ова денеска информираа од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– По залагањето на градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.март година се склучи договор за продажба на фабриката „Еуроникел индустри“ од страна на Комерцијална банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, што е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ, соопштија од градоначалничкиот Кабинет.

Притоа се нагласува дека Општина Кавадарци и Комерцијална банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред се ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании  кои се директни добавувачи на фабриката.

– Општина Кавадарци со градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел индустри, да се обесштетат вработените и сите останати доверители, се вели во информацијата од Кабинетот на Јанчев.