Склучен Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата

21

Народната банка на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува заемна размена на искуства и знаења, добра практика, како и стручна консултација за прашања од интерес.

Меморандумот за соработка е резултат на долгогодишната успешна и отворена соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија, со цел да се спречат корупцијата и судирот на интереси што е определено и во Политиката за спречување појава на корупција, донесена од Народната банка во 2021 година. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот ќе биде многу значајно за двете институции, коишто преку директна и постојана соработка ќе придонесат за спроведување политика на нетолеранција на корупцијата. За спроведување на Меморандумот претстојат заеднички обуки за јакнење на капацитетите заради унапредување на професионалните капацитети на вработените на НБРСМ и ДКСК.

Зајакнувањето на соработката со Државната комисија е една од активностите на Народната банка за поддршка на борбата за спречување на корупцијата, преку одржување високи правни и етички стандарди и преку примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.