
Израел утрово го нападна Иран што предизвика значителен раст на цените на нафтата на светските берзи. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вели дека се работи за пик кој е вообичаен при вакви кризи, но доколку тој тренд продолжи може да дојде до зголемување на цените на нафтата, а со тоа и на другите продукти.
По започнувањето на оваа војна помеќу Израел и Иран, утрово цената на светските берзи на бренд нафтата беше зголемена за десеттина долари, сега има некој тренд на намалување значи некаде зголемувањето е некаде 6-7 долари. Апсолутно ќе има влијанија, да видиме како ќе се одрази во следните денови, за следната недела не верувам дека ќе има некое драстично влијание кога ќе ја носиме одлуката, но понатаму доколку продолжи ваквиот тренд на високи цени на нафтените деривати. Апсолутно дека ќе има влијание и на цената која што ќе ја плаќаат корисниците во Македонија, изјави денеска во Охрид Бислимоски кој учествува на конференцијата „Иднината на комуналниот сектор“.
Тој изрази надеж дека ова ќе биде само еден пик и понатаму ќе се стабилизираат цените како што беше тоа случај кога започна војната во Украина .
Тогаш имаше пик па се стабилизираа цените и во последните неколку месеци тие се движеа помеѓу 65 и 68 долари за барел, сега имаме прв пат ситуација утрово да имаме 78 долари за барел, но да се надеваме дека тоа ќе биде само еден пик. Инаку, како што знаете, кога зборуваме за цените на нафтените деривати, имаше период кога дизелот беше 110 долари што беше причина за голем број поскапувања. Денеска цената на дизелот е 66-67 денари, а цените на производите кои тогаш се покачија не се вратија назад, така да не верувам дека тоа ќе има драматично влијание на останатите продукти коишто се користат во Македонија, додаде Бислимоски.