Скопје доби пет дигитални мерачи на брзина

33

Сава Осигурување АД Скопје донираше 5 дигитални мерачи на брзина на Град Скопје.

Целта на оваа донација е во насока на заштита и безбедност во сообраќајот, зголемување на свесноста кај возачите и воопшто обезбедување на сигурен живот на граѓаните.Дигиталните мерачи се поставени на фреквентни локации каде е засегната младата популација, односно во близина на следните училишта:

  1. Јосип Броз Тито-гимназија
  2. Панче Караѓозов-медицинско
  3. Здравко Цветковски- ГУЦ
  4. Марија Кири Склодовска-хемиско
  5. Боро Петрушевски-АСУЦ

Сава Осигурување ќe продолжи со активностите како општествено одговорна компанија.