Скопје добива ново место за забава и уживање

268

Со отворањето на Diamond Mall, закажано за 20 октомври 2023 година, Скопје ќе добие и нова локација каде на едно место ќе бидат сместени ресторани, барови и кафулиња, кои на посетителите ќе им понудат широк избор на гастрономски и забавни содржини.

Станува збор за Гурманската авенија, која е отворен простор споен со Diamond Mall, во која Скопјани и сите посетители на главниот град ќе можат да најдат одлични содржини за било кое време од денот. Од места со понуда за појадок и одлично кафе за разговор, до места за деловен ручек или коктели после работа, како и врвни ресторани за вечера со пријатели и барови за ноќно излегување и забава со музика во живо.

Гурманската авенија е сместена во продолжение на улицата „Македонија“ и лесно достапна за сите кои пеш се движат во централното градско подрачје, но има и влез од Diamond Mall, кој нуди 2.900 паркинг места за посетителите со возила.

Доколку сакате да ја посетите новата атракција на Скопје, тоа ќе можете да го направите веќе на 20 октомври, на големото отворање, кое во вечерните часови ќе биде одбележано со специјално шоу со дронови и светски музички хитови во изведба на симфониски оркестар. Следниот ден, на 21 октомври, на пладне, ќе настапува популарната тинејџерска атракција „Teen Camp“, а од 21 до 24 часот атмосферата ќе ја загреваат врвните диџеи Никифор, Мистер Мајк и Том Нови. На 22 октомври, пладневниот термин е резервиран за најмладите, кои ќе се дружат со нивните омилени Биби и Боби, додека за забавата во вечерниот дел ќе се погрижи Каролина Гочева.