Слаткиот успех на Фереро

430

ferrero-creations

Работи, создавај, давај е мотото на фамилијата Фереро, зад кое стои успешност, препознатливост и врвен квалитет на глобално ниво.

History-story2Но, пред светот да го запознае слаткото искушение наречено Ferrero Rocher, постоеше само една визија на еден човек по име Пјетро Фереро, слаткар од Италија. Tалентираниот Пјетро имал голема желба да го запознае светот со едно поинакво префинето чоколадо.

Но, пред тоа да се случи, тој требало да го смени начинот на кој луѓето тогаш купувале чоколадо. Па така, во 1946, тој започнува со својот подвиг во родната Италија.

fererro-tops1Во тоа време слатките работи, тортите и колачите се конзумирале само во специјални прилики. Дури и во такви моменти луѓето избирале производи од мали слаткарници, локални продавници.

Благодарение на неговото партнерство со сопругата, Мариа Франка, тој беше првиот италијански производител на слатки, кој успеа по Втората Светска Војна да отвори производствени погони и канцеларии надвор од својата матична земја. Со тоа Пјетро ја претвори својата компанија во интернационален бизнис.

Ferrero_Headquarter_(Nutella_company)

Голема улога во успехот на Фереро има и братот на Пјетро, Џовани, кој беше одговорен за продажбата, пред да почине во 1949 година.

Компанијата постигна голем успех на чело со синот на Пјетро, Мишел Фереро, кој потоа им ги предаде работните обврски на своите синови, Пјетро и Џовани.

Michele-Ferrero-fondateur-du-g-ant-italien-de-la-confiserie-entour-de-ses-fils-Giovanni-gauche-et-Pietro-

Низ годините…

1942 – Пјетро ја отвора својата прва лабараторија во Алба, Италија, каде почнува да прави слатки од лешници и какао.

1946 – Компанијата Фереро започнува со индустриско производство.

mozaiki-confectionery-ferrero1950 – 1970 – Фереро го збогатува својот асортиман на слатки производи. Истите почнуваат да се продаваат надвор од Италија, во останатите европски земји и пошироко. Во овој период компанијата ги лансира светски познатите брендови кремот Nutella, чоколадите Kinder и бонбоните од ментол Tic Tac.

1982 – Брендот Ferrero Rocher добива на популарност и станува препознатлив по уникатната златна фолија во која се спакувани чоколадните бонбони, амбалажата и секако високиот квалитет.

1988 – Чоколадите Ferrero Rocher се ланисирани на американскиот пазар.

ferrero_space_KLIA_aug13

2000 – 2006 – Rocher продолжува да ги освојува пазарите во светот и да привлекува се поголемо внимание, особено со високо квалитетните чоколади – Fine Hazelnut Chocolates.

2008 – Ferrero Prestige станува Ferrero Collection, но одличниот микс на вкусови останува ист. Ferrero Collection ги комбинира богатиот и кремаст вкус на чоколадите Rocher, темните и раскошни чоколадни бонбони Rondnoir и вкусните кокосови бонбони Ferrero Garden Coconut.

ferrero-collection

Денес фамилијарната италијанската компанија оперира во 36 земји ширум светот. На чело на Фереро е третата генерација, односно Џовани Фереро (десно).

97082Неговиот брат Пјетро во април 2011 трагично загина додека работеше на хуманитарна мисија во Јужна Африка.

Групацијата Фереро вклучува 38 трговски друштва, 18 фабрики и околу 21.500 вработени.

Освен споменатите Nutella, Kinder, Tic Tac и чоколадните задоволства Ferrero, компанијата ги има и брендовите Pocket Coffee, Mon Chéri, Giotto, Confetteria Raffaello (бонбони со кокосов крем) и Hanuta (наполитанки од чоколада и лешници).

ferrero_temporary_01

За сите оние што досега не знаеја и не прочитаа, дел од играчките што се ставаат во Киндер јајца се произведуваат во Македонија, во тетовско Теарце, во компанијата Мактоис. Повеќе за оваа македонска успешна приказна, прочитајте овде.