Слика на Пикасо продадена за рекордни 63,7 милиони долари

79

luksuz-trend-fancy-picasso-femme-azzize-01 (99)

Уметничкото дело на Пикасо насловено Femme Assise, што легендарниот уметник го наслика во далечната 1909, се продаде по рекордна цена од 63,7 милиони долари во аукциската куќа Sotheby’s во Лондон. Сликата на којашто е претставена Фернонд Оливие, модел и љубовница на сликарот, е создадена кога Пикасо патувал во тешко достапното село Ебро, пишува New York Times.

Претходно ремек делото, од периодот на Кубизмот, беше долги години во приватна сопственост пред да биде продадено во 1973 на аукција во Лондон за околу пола милион долари.

Највисока цена досега од делата на Пикасо достигна сликата од 1955 година Les Femmes d’Alger – Жените од Алжир, кога истата се продаде за 179,4 милиони долари на аукција во Christie’s.