Словенија мора да врати дел од субвенциите за земјоделство

27

slСловенија е на пописот на 11 земји членки на Европската унија од кои Европската комисија во петокот побара да вратат вкупно 255 милиони евра поради неправилности, односно недоволна контрола во системот на исплата на субвенции во земјоделството.

Според оваа одлука, Словенија во касата на ЕУ треба да врати 2,17 милиони евра поради неправилности утврдени при исплатата на субвенции во периодот меѓу 2007 и 2009 година, потврди словенечката Агенција за земјоделски пазар и рурален развој, пренесуваат медиумите.

Словенечките земјоделци нема да ги враќаат веќе исплатените износи, туку разликата ќе се плаќа од државнит буџет.