Словенија почна со приватизација, ја продаде Хелиос

53

heliosСловенија потпиша договор за продажба на Хелиос, прва од 15-те државни компании одредени за приватизација. Конзорциумот од главно државни акционери продаде 73,12% акции од произведувачот на бои на австрискиот холдинг Ring International, јавува агенцијата СТА.

Потписниците на договорот велат дека продажбата е важен чекор на патот Хелиос да стане водечка компанија во својата индустрија во Европа.

Австријците се согласиле да платат 520 евра по акција, со што вредноста на Хелиос е проценета на 145 милиони евра, пишува Финанце.

Хелиос, водечки произведувач на бои во југоисточна Европа, има 2.300 вработени. Минатата година оствари 4,4 милиони евра нето профит, во однос на 1,34 милиони евра во 2011 година.

Словенечкиот парламент во јуни одобри приватизација на 15 државни фирми, меѓу кои се Телеком Словенија, Елан и авиопревозникот Адриа ервејз, со цел стабилизација на јавните финансии и решавање на проблемите во банкарскиот сектор.