Пандемијата Ковид-19 имаше големо влијание врз работните процеси во Словенија, бидејќи минатата година во таа земја за работа од дома се пријавиле 217.428 лица, што е 100 пати повеќе отколку во 2019 година.
Со новата варијанта на омикрон се очекува овој тренд да продолжи. Во Словенија евиденцијата за работа од дома ја води Трудовиот инспекторат.
По избувнувањето на пандемијата во март 2020 година, инспекторатот беше принуден да го промени својот систем поради зголемување на бројот на регистрации на луѓе кои работат од дома. Според инспекторатот, само 2.037 работници биле пријавени за работа од дома во 2019 година, наспроти 217.428 лица во 2021 година. Последователно, работодавачите ги повикаа властите да ги поедностават процедурите и условите за пријавување на вработените за работа од дома, со кои Владата на Словенија се справи во рамките на шестиот пакет од законот за олеснување за коронавирусот во ноември 2020 година, пренесува Танјуг.
Поставен е електронски формулар кој им овозможува на работодавачите кои се во деловниот регистар брзо да го известат Трудовиот инспекторат за нивната намера да организираат работа од дома за своите вработени.
Според евиденцијата, убедливо најголем број луѓе работеле од дома во јануари, февруари, март и април 2021 година, кога Словенија спроведе строги мерки за спречување на ширење на новиот коронавирус.