Во рамките на Европската вселенска програма, Словенија го развива својот прв наносателит со мултиспектрална камера кој од вселената ќе открива пожари, поплави и состојбата на вегетацијата.
Наносателитот (со тежина до 10 килограми) се развива на Факултет за електроника и информатика во Марибор и е во фаза на тестирање. Словенечките научници развиваат батерии кои би му овозможиле на сателитот да остане во орбитата на Земјата најмалку пет години, на висина од 400 до 600 километри.
Целиот проект ќе чини околу 1,5 милиони евра, додека за лансирањето од САД ќе бидат потребни дополнителни 250.000 долари, пишува Банка.хр.
Лансирањето е најавено најдоцна до 2017 година.