Словенија: Sava Re ја презема осигурителната компанија NLB Vita

110

Раководството на словенечкото реосигурително друштво Sava Re во петокот објави дека потпишало договор за кредит од НЛБ Банка за стекнување на 100% од капиталот на друштвото за животно осигурувања NLB Vita.

“Стекнувањето на NLB Vita претставува важен чекор за групацијата Сава Осигурување во консолидирање на својата позиција на словенечкиот пазар за животно осигурување“, стои во известувањето на Љубљанската берза.

Трансакцијата се очекува да се заврши кон средината на 2020 година со комплетирање на целокупните услови и на крај финалното одобрување од државниот регулатор.

“Пенетрацијата на словенечкото животно осигурување и премијата за животно осигурување како процент од бруто домашниот производ (БДП) се послаби од растот на зрелите европски пазари, поради што веруваме дека постои потенцијал за развој и органски раст“, додаваат од Sava Re.

Партнерството за банкарско осигурување помеѓу NLB Vita и NLB ќе продолжи да се развива бидејќи банката продолжува да биде примарен канал за продажба, потенцираат од Sava Re, додавајќи дека зајакнувањето на нејзиното партнерство со банките и развојот на каналот за продажба на банкарско осигурување е важна стратешка цел на групацијата Сава Осигурување.

Според податоците за 2018 година, NLB Vita беше втора по големина компанија за животно осигурување во Словенија со удел на пазарот од 14,8%.