Смарт телефон како клуч за автомобил

23

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai пред три дена го најави нивниот концепт “Connected Car”, кој им овозможува на возачите да ги користат своите смарт телефони како клучеви од автомобил.

Системот овозможува возачите да ги заклучуваат и отклучуваат вратите на своите автомобили преку нивните смарт телефони со NFC технологија.

Штом ќе влезе возачот внатре, системот ги активира и телематските системи на автомобилот кои според профилот на возачот ќе го наместат седиштето, омилените радио станици, климата и сателитската навигација.

Информацијата за профилот на возачот се емитува на седум-инчниот екран на допир, вграден во возилото. Екранот исто така ја прикажува и содржината на смарт телефонот, така што возачот има hands-free пристап до контактите и именикот.

“Connectivity концептот на Hyundai ја покажува филозофијата на брендот за тоа како треба технологијата на иднината да биде достапна за широк спектар на потрошувачи. Со оваа технологија, Hyundai овозможува целата all-in-one функционалност на постоечките смарт телефони да се интегрира во секојдневието на еден лесен и модерен начин”, изјави Ален Рушфорт, потпретседател и главен оперативен директор на Hyundai Motor за Европа.