Со кои акции најмногу се тргуваше во февруари

28

Акциите на Комерцијална банка во февруари беа најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен.

Со вкупно 714 трансакции, истргувани се вкупно 25.143 акции, што претставува промет од 3,2 милиони евра и учество од 34% во вкупниот промет.

Меѓу петте најтргувани акции беа и оние на Гранит (16,88% од вкупниот промет), Алкалоид (11,57%), НЛБ Банка (10,42%) и Макпетрол (10,42%).

На официјалниот пазар во февруари се направени вкупно 2.120 трансакциии вкупен промет од 9,5 милиони евра.

Во текот на минатиот месец, најголем пораст на официјалниот пазар имаа акциите на Лотарија на Македонија. Тие пораснаа за 48,15%, па просечната цена на 28-ми февруари 200 денари. Пет акции со најголем пораст на официјалниот пазар, покрај оние на Лотарија на Македонија, беа и оние на ЗК Пелагонија (47,03%), Хотели Метропол Охрид (25%), Охридска банка (20,54%) и Фершпед (19,67%).

Од друга страна најголем пад во февруари имаа акциите на РЖ Економика со пад од 28,57%. Исто така, пад во февруари имаа и акциите на: Тетекс од Тетово (-5,26%), Реплек (-3,64%), Макпетрол (-3,40%) и Макстил (-3,33%).

Фото: Pexels