Со малку психологија до подобра услуга

26

5-zvezdi

Фото: Pixabay

Принципите кои произлегуваат од психолошките истражувања за однесувањето на луѓето во поглед на перцепирање на времето, ставовите кон добрите и лошите нешта и елементите кои влијаат на задоволството, можат да се искористат во самиот процес на услужување, односно во неговото креирање.

Почетокот и крајот на процесот на услужување не се исто вреднувани. Луѓето повеќе го паметат крајот и тој повеќе влијае на задоволството и ставот кон компанијата и услугата.

Лошите искуства мораат да бидат „покриени“ со добри. После секое лошо искуство мора да следува добар одговор кој ќе го минимализира лошиот впечаток.

Луѓето не реагираат исто на добро и лошо. Добрите случувања треба да се распределат во неколку сегменти, за да се добие впачаток дека долго траат, додека лошите (ако ги има), треба што побрзо да се елиминираат во една фаза.

Повеќе можности, поголема среќа. Луѓето се посреќни и се чувствуваат поубаво кога имаат можност да бираат, па макар и не ја искористиле.

Луѓето сакаат одредени ритуали и ред. Мирот, стабилноста и задоволството често ги наоѓаме во фамилијарни активности кои се повторуваат. Тие ритуали, кои можат да бидат многу мали, (дури и незабележителни) се од суштинско значење. Затоа креирајте ритуали и одржувајте ги.