Соба на гневот – место за ослободување од стрес

124

imrsAnger Rooms или Соби на гневот се простории каде за одредена цена е дозволено да искршите и уништите сè што ќе видите внатре и тоа со едноставна причина – ослободување од стресот, пишува Telegraph.

Логото на овие соби вели – Не е ништо како што сте очекувале, но е сè што сте заслужиле, а пред да влезете во една од нив следува безбедносна опрема и оружје по избор, од типот на палки и разни алати за кршење.

Компанијата којашто стои зад оваа идеја е основана во 2008 година и тврди дека Собите на гневот се најефективните алтернативи за ослободување на стрес на пазарот. Нејзиното седиште е во Арлингтон, Тексас, но сега нуди франшизи во сите градови во САД, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Чикаго и Њујорк.

Достапни се три пакети во зависност од нивото на стрес: “Ми треба одмор” е петминутна сесија, потоа “Нападни”, којашто трае 10 минути и најдолгата “Уништување” во времетраење од 25 минути, каде е дозволено кршење на буквално сè што има во собата. Десетминутната сесија чини 40 долари.

Anger Room, исто така, апелира до сите што имаат непотребни работи да ги донираат во компанијата, со цел да им послужат на налутените клиенти.