Sobro – паметна мултифункционална масичка

35

Фото: IndieGoGo

Sobro е мултифункционална масичка, којашто ги полни телефоните, ги лади пијалоците, има вградено лед светло и звучници.

Производот, којшто е дело на старт-ап од Њујорк, може целосно  да се прилагоди за потребите на корисникот. Покрај останатите функции, навечер, може да се избере и боја во која корисникот сака да свети масичката.

Sobro може безжично да полни до два телефони, а преку Bluetooth конекција телефонот да се поврзе со звучниците вградени во масичката и да се слуша музика.

Масичката моментално е достапна во три бои: бела, бела со дрвени страни и мат црна.

Производот има своја кампања на платформата IndieGoGo и досега има собрано 1.363.856 долари, од потребните 50.000 долари, а кампањата трае уште 12 дена.

Првите испораки се очекува да бидат во октомври годинава.