Соковник печати еколошки чашки за сок

61

Дизајнерското студио Carlo Ratti Associati разви експериментален соковник, којшто освен свеж сок од портокал, нуди и нешто друго. Станува збор за уредот Feel the peel, којшто од остатоците од портокалот печати чаши во коишто се сервира сокот, пишува Wired.

Прототипот од овој соковник е висок околу три метри, а има капацитет да собере 1.500 портокали. Во базата на соковникот е инсталиран 3D печатач.

Кога некој ќе посака да се напие сок, од едната страна се произведува свеж сок од портокал, а од друга страна остатоците се претвораат во биопластика со помош на сушење и мелење. Биопластиката се загрева и се топи и се користи како материјал за 3D печатачот, од којшто се печатат чашките за сокот.

Фото: Pixabay