Сончоглед како средство за био – материјали

73

Томас Вајли, дизајнер од Холандија, користи отпад од сончоглед за изработка на био материјали што потоа наoѓаат примена за разни одржливи производи, од панели за изолација до футроли за iPhone.

Тој во иднина го замислува овој природен материјали како дел од канцелариски мебел, прибор за јадење, пенелни системи и друго.

Наместо да се фрла отпадот од сончогледот, што најчесто е неговото стебло, Вајли ги искористува овие делови, вклучувајќи ја кората и срцевината од растението. Од нив прави природен лепак и лак коишто не содржат токсини, пишува Dezeen.

Деловите од кората се загреваат и пресуваат во цврста дрвена плоча, додека срцевината од стеблото се комбинира со лепак од сончогледово семе и формира лесен и пенест композитен материјал.

Фото: Pixabay