Sony го продава производството на компјутери и крати 5.000 работни места

19

sonyЈапонската компанија Sony го откри планот за реструктуирање, според кој го продава одделот за производство на персонални комјутери, ја одвојува ТВ дивизијата во посебна подружница и ќе крати 5.000 работни места.

Се очекува одделот за компјутери да му биде продаден на инвестицискиот фонд Japan Industrial Partners, кој ќе формира посебна фирма во која Sony на почетокот ќе има 5% удел.

Кратењето на работни места ќе биде спроведено глобално, до март 2015 година, а заштедите од ваквиот потег треба да се почувствуваат во финансиската 2015/16 година.

Sony очекува на крајот на оваа финансиска година, која завршува на 31 март, да забележи загуба од 1,08 милијарди долари.