Sony веќе има милион нарачки за Playstation 4

73

PlayStation-4-box-cover-artSony објави дека новата конзола Playstation 4 на пазарот ќе ја пласира во ноември. Конзолата од новата генерација во Северна Америка ќе може да се купи на 15 ноември, а во Европа од 29 ноември. Цената ќе биде 399 долари.

Sony соопшти дека веќе има примено милион нарачки за Playstation 4 и дека конзолата ќе може да се купи во 32 земји во светот до крајот на оваа година.

Microsoft, конкурентот на Sony, објави дека и неговата конзола Xbox One ќе се појави во продажба во истиот период, без конкретно да наведе датум. Конзолата на Microsoft ќе биде за 100 долари поскапа од онаа на Sony. Експертите сметаат дека играта на двата конкуренти околу датумот на објава е само медиумска борба за насловните страни, но на крајот сепак пазарот ќе одлучи која конзола е подобра.