Јапонскиот џин Сони ги објави своите планови за реструктуирање кои предвидуваат затворање на нивната фабрика за производство на објективи за апарати за сликање, мобилни телефони и веб камери. Ваквиот потег ќе значи отпуштање на над 2.000 работници.
Промените се прават за да се ревитализира производството и заштедување на 378 милиони долари во текот на 2013 година. Основата за промените е одлуката која била донесена во август оваа година, која била деловна тајна, а се однесувала на укинување на 10.000 работни места и заштедување на 945 милиони долари, кои би се вложиле во разни области за усовршување на технологиите на Сони.
Сони оваа година претрпува огромни загуби. Нето добивката во последното тромесечје е намалена за 1,5%, а приходот е намален за неверојатни 59%. Мора да се има во предвид дека Сони пред неколку месеци го раскина договорот со Ериксон и беше приморан да исплати казна од 1,29 милијарди долари.