Source – уред што создава вода за пиење од воздух

55

main-image

Фото: Zero Mass Water

Source е уред којшто може да генерира 10 литри чиста вода за пиење дневно од воздухот, пишува Treehuger. Со собирање на пареата од воздухот овој атмосферски генератор на вода може многу лесно и брзо да создаде чиста вода за пиење.

Ваквите уреди се голема надеж за регионите каде владее суша и каде што нема чиста вода за пиење, а своја примена можат да најдат и во градските средини кај комерцијалните градби, кај домовите што функционираат надвор од мрежата и слично.

Source е дело на компанијата Zero Mass Water, се мести на покривите од зградите/куќите и освен струја произведува и вода од воздушната пареа. Еден стандарден уред се состои од две хидро-панели со можност за додавање на дополнителни панели за производство на вода. Во зависност од климатските услови можат да се произведат од четири до 10 литри вода дневно.

Добиената вода се чува во 30 – литарски резервоар каде што се обогатува со калциум и магнезиум. Резервоарот се поврзува со одвод којшто директно води до посакуваното место во обејктот (чешма, фрижидер, распрскувач…) за брза и лесна употреба. За одржување потребно е менување на обични филтери еднаш во годината и замена на резервоарот со минерали на секои пет години.