SPACe_C eMart – продавница на тркала со вештачка интелигенција

23

Фото: Pexels

Јапонскиот гигант за електроника, Panasonic претстави мобилна продавница опремена со вештачка интелигенција, пишува Inhabitat. Станува збор за камион, којшто наликува на оние што продаваат сладолед, и носи свежо овошје, зеленчук и останати намирници директно кај купувачите.

SPACe_C eMart е дел од проектот на Panasonic за мобилни решенија, наречен SPACe_C. Оваа продавница на тркала им нуди и информации на купувачите во врска со производот што сакаат да го купат.

Според производителот, секој артикл ќе биде опремен со QR код, каде што ќе можат да се најдат информации за рокот на траење, дали производот е органски или ГМО, од каде доаѓа и слично.

Во камионот ќе има и фрижидер – кабина со оптимална температура и влажност за секој вид на производ со цел да се обезбеди максимална свежина. Секоја од овие компоненти ќе функционира на база на вештачка интелигенција.