Специјални капки за очи за гледање во темнина

253

kapki za oci

Замислете си да имате способност да гледате во темнина со користење на специјални капки за очи. Оваа можности добро би им дошла на лица што се движат ноќе, како што се членови на спасувачки тимови или на лица чија работа се одвива во екстремни услови, пишува Business insider.

Оваа необична идеја произлегува од група независни научници, Science for the Masess, што користат хемикалии што го третираат ноќното слепило.

Во овие специјални капки за очи, главни состојки се: хемиски елемент chlorin E6 (Ce6), инсулинот и dimethylsulfoxide (DMSO). Ce6 е природен молекул, што е клучен за засилување на светлината во темнина. Се користи за лекување на ноќното слепило, како и за некои видови на канцер. Оваа состојка може да се најде во некои видови на морски риби, алги и други морски растенија. Инсулинот и DMSO помагаат окото да го апсорбира Се6.