SpinX – автоматски чистач на тоалетна школка

26

3a09a4d58d850a7c0a816cbc376d812a_original

Фото: Kickstarter

SpinX е паметен уред што сам ја чисти тоалетната школка. Корисникот треба само да притисне копче и тој ќе ја исчисти внатрешноста и капакот за само 90 секунди.

Уредот има четка што прво темелно ја отстранува нечистотијата низ целата тоалетна школка, а потоа пушта силни млазови вода со детергент, според избор на корисникот. На крајот SpinX ја суши целата површина со што чистењето е комплетирано.

Таблетите за чистење можат да траат 50 циклуси, а на секои 30 циклуси корисникот треба да ја наполни батеријата на уредот. Дизајнерскиот тим, со седиште во Њујорк, предлага четката за чистење да се заменува на секои шест месеци.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано 66.816 долари од побараните 50.000, а преостануваат уште 38 дена.