Спортистите им се “закануваат” на бизнисмените: Џордан предводник на оваа категорија

125

Постои една често цитирана студија, според која заклучокот вели: парите ја купуваат среќата, но до одредена точка. Според заклучокот, кога ќе стигнете до заработка од 75.000 долари годишно, нејзиното понатамошно зголемување нема да ве направи посреќни. Но, како што пишува новинарот Николас Карлсон, вистината за среќата и богатството е многу покомплицирана. На пример, Карлсон го наведува основачот на Snapchat, Еван Шпигел.

Тој е пример како треба да се почитува своето авторско дело. Тоа е оној кој ја има одбиено понудата на Facebook од три милијарди долари за преземање на неговата компанија. Но, она што малкумина го знаат е дека Шпигел е богат човек. Неговиот татко живее во едно од најскапите соседства во Лос Анџелес. Освен тоа, веќе има продадено дел од неговите акции, така што тој веќе бил богат човек кога Цукерберг ја доставил понудата. Значи, не е толку налудничав како што имаше мислење за него во јавноста.

Самите богати луѓе можат да ви помогнат полесно да сфатите колку е добро да си богат и дали парите ја купуваат среќата. Business Insider во неколку наврати пишуваше какво е чувството да се биде богат, односно објасни како е да се биде богат. Тоа значи загарантиран опстанок, моќ, гламур. Според овој угледен магазин, секој би имал желба да ужива и да се вози наоколу во своето Ферари, да се дружи со познати од A-листата на шоу бизнис личности и да присуствува на бесконечно многу ВИП забави. Ако го немате луксузот да бидете родени богати, постојат и други начини да ги заработите вашите пари.

Стани успешен спортист и заработи многу пари

Во минатите години, безброј наврати можевме да слушнеме како голем број од поранешни спортисти имаат проблеми со финансии. Тоа пред сè е поради погрешни потези и лоши инвестиции. Како најсвеж примерот е Ален Ајверсон за неуспешен бизнисмен меѓу кошаркарите, сосема спротивен случај од него е оној на Мајкл Џордан.

Џордан, според многумина, е најдобар кошаркар на сите времиња. Јасно е дека тој стекна огромно богатство со играњето кошарка на паркетите во Америка. Факт е дека легендарниот кошаркар на Chicago Bulls многу добро се снаоѓа и како бизнисмен. Успеа да ги погоди своите инвестиции најдобро што може, исто како што погодуваше на терените.

Forbes го вброи во елитно друштво на најбогати луѓе во светот

Доказ за тоа е најновата анализа којашто ја направи Forbes, а според која Мајкл Џордан влезе во елитно друштво на најбогати луѓе во светот. Од неговата заработка која ја остварил во последните 12 месеци “боли глава“. Изминатава година, Џордан успеал да инкасира импресивни 350 милиони долари. Со таа заработка успеал да напредува за дури 90 места на најновата листа на најбогати лица во светот.

Џордан најголем дел од оваа сума ја стекнал поради фантастичните спонзорски договори кои ги има со НБА лигата како газда на Charlotte. Но, исто така и за феноменалната заработка од својата брендирана колекција што му ја изработува Nike. Таа е една од најбараните спортски колекции во цел свет. Популарниот МЈ во овој момент е 1.447 најбогат човек во светот со богатството кое се проценува на 1,7 милијарди долари. Со тоа, Џордан секако се издвојува како најдобар бизнисмен меѓу поранешните и актуелните спортисти.

Ризичен бизнис потег, но исплатлив: Кошаркарскиот бренд влезе и во фудбалот

Француската лига беше сведок на редок бизнис потег во спортот. Со натпревар меѓу ПСЖ и Ремс одигран на 26-ти септември оваа година, во кој победи ПСЖ, брендот Air Jordan стана официјален спонзор на тимот. Џордан беше на стадионот лично да го гледа ПСЖ во живо. Можеше лично да се увери во тимот позади кој застана како официјален спонзор на спортската опрема. Како благодарност за неговата посета, Мајкл Џордан доби дрес од ПСЖ со неговиот број 23, што го носеше во НБА.