Спортско – смарт партнерство, Li Ning и Xiaomi ќе произведуваат паметни патики

51

li-ning-year-of-the-dragon-sneakers-turningpoint-hero-villainКинеската компанија за спортска опрема Li Ning ги здружува силите со кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi, во заедничко производство на паметни патики, кои треба да се најдат на пазарот оваа година, јавува Reuters.

Патиките во себе ќе имаат вградени чипови кои ќе бидат поврзани со мобилна апликација преку која оној што ги носи ќе може да го анализира и следи начинот на трчањето.

2015_02

Инаку, ова е прва соработка од ваков тип во Кина, спорт и смарт технологија.

Xiaomi, што стои зад паметните нараквици Mi Band, работи со Li Ning на развој и тестирање на алгоритамот на патиките уште од лани.

“Се надеваме дека ќе ја искористиме оваа можност да обезбедиме професионални паметни патики за сите вљубеници во трчањето во Кина, по достапни цени”, изјавија од компанијата за спортска опрема.