Србија гради социјални станови за 350 евра по квадрат

76

stanovi srbijaМинистерството за градежништво и урбанизам на Србија најави дека оваа година ќе обезбеди најмалку 10 милиони евра за изградба на 50.000 квадрати социјални станови.

Државата планира да ги згрижи најзагрозените граѓани, првенствено лицата со инвалидитет, младите брачни парови со многу деца, лица постари од 65 години, деца без родители, самохрани родители и бегалци.

Социјалните станови ќе се доделуваат по ранг листи и нема да бидат пуштени во слободна продажба. Ќе ги делат локалните самоуправи.

Програмата за социјалните станови ќе биде реализирана преку станбени агенции на локалните самоуправи и Републичките агенции под постојан надзор на Министерството за градежништво и урбанизам.

Планирано е да се понуди откуп на социјалните станови по цена од 350 евра по метар квадратен. Месечната рата не треба да биде повисока од 30 или 40 евра, доколку откупот биде договорен на 15 години.