Србија и Црна Гора заедно на тендери за набавка на лекови

20

lekovi

Србија и Црна Гора заедно ќе учествуваат на тендери за набавка на некои вакцини и лекови, се договорија вчера министрите за здравство на двете земји, Златибор Лончар и Будимир Шегрт.

Според српскиот министер Лончар, треба уште да се договорат кои лекови би можеле заеднички да ги купуваат.

“На некои тендери најверојатно заедно ќе учествуваме, можеби за некои вакцини или скапи лекови. Остана да одлучиме за кои лекови би го направиле тоа и не само ние, туку можеби уште некоја држава од регионот, за да постигнеме подобра цена и сигурност околу снабдувањето на пациентите”, изјави Лончар за Танјуг.