Србија ќе има пченка и за извоз

17

pcenka

Родот на пченица во Србија оваа година е помал од ланскиот, но затоа се очекуваат рекордни количини пченка, сончоглед и шеќерна репа, пишува Вечерње новости.

Жетвата на пченица е завршена, а просечниот род по хектар беше 4,2 тони. Од нивите се собрани 2,3 милиони тони пченица, што е доволно за потребите на земјата, но ќе има и за извоз.

“Нам ни се потребни околу 1,5 милиони тони, а остатокот ќе биде понуден на меѓународниот пазар. Вишок имаат Унгарија, Романија и Бугарија. Србија е мал извозник на оваа житарка и допрва се пробиваме на светскиот пазар, па наши најголеми купувачи се земјите од опкружувањето”, вели Вукосав Саковиќ, директор на здружението Жита Србије.

Годинава се очекуваат рекордни приноси на пченка, какви што немало последните две децении. Приносите можат да бидат поголеми и од седум милиони тони, од кои преку три милиони ќе бидат за извоз.