Србија ќе воведува преджетвено финансирање

19

zetva

Со стапувањето на сила на Законот за преджетвено финансирање во јуни, Србија ќе биде прва земја во Европа која ќе воведе вакво иновативно решение во областа на финансирање на земјоделско производство, изјави за Танјуг координаторот на проектот ФАО-ЕБРД во Србија, Милош Миловановиќ.

“Законот за преджетвено финансирање подразбира кредитна способност на одредено лице (правно или физичко), врз основа на неговото идно производство”, вели Миловановиќ.

Законот има за цел да донесе подобрување во областа на финансирање на земјоделското производство како една од критичните точки на развој на земјоделското производство во земјата.

“Усвоениот закон во оваа фаза се однесува на растителното производство, но не ја исклучуваме можноста во подоцнежна, се надевам успешна фаза на имплементација на овој закон, да биде проширен и на сточарското производство”, наведува Миловановиќ.

Тој напомена дека овој закон во голема мера е концепт кој е на сила во Јужна Америка, пред сè во Бразил, па Србија практично е пионер по ова прашање во Европа.