Среде Европа, една земја многу добро заработува затоа што нема руски гас

147

Во услови на раст на глобалните цени на енергијата, норвешкиот државен енергетски гигант Equinor објави рекорден профит во третиот квартал , велејќи дека прилагодената заработка на компанијата за периодот јули-септември се искачи на огромни 24,3 милијарди долари од 9,77 милијарди долари во третиот квартал во 2021 година.

– Цените на природниот гас ќе останат високи во ЕУ со години, поради падот на испораките од Русија – изјави во петокот извршниот директор на норвешкиот државен енергетски гигант Equinor.

Како што рече, главниот проблем во Европа е недостигот на гас.

– И со текот на времето ќе има недостиг, а ако Европа сака да го привлече тој гас, треба да очекува дека ќе плати висока цена во наредните години – рече Андерс Опедал на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Шефот на Equinor вели дека Норвешка во моментов испорачува рекордни количини гас на блокот, но предупредува дека најновите предлози на ЕУ – да се ограничи цената на оваа енергија – може да се покажат како „контрапродуктивни“ во борбата против кризата.