Средношколци доминираа на NASA Space Apps Challenge

3

18192682_1336906453068793_5182940918886183103_o

Светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge се одржа по петти јубилеен пат во Македонија во периодот 28-ми до 30-ти април, во партнерство со Американска амбасада во Скопје и телекомуникацискиот оператор Вип, а под Покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, стои во соопштението.

На настанот, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Голдилокс Стејт Фондацијата, учествуваа млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заедно работеа на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата. Учесниците за време на настанот добија поддршка и совет од страна на ментори кои се експерти во своите полиња на работа.

Оваа година средношколците доминираа на Nasa Space Apps Challenge. Три тимови од кои два се Judge’s Choice, еден People’s Choice  ќе се натпреваруваат за наградата посета на лансирање на ракета и меѓу нив жири комисија и претставници од NASA ќе го изберат победникот.

Тимот Swift изработи прототип решение за собирање и обработка на информации од соларни сензори кои би се користеле за предвидување на искористеноста на соларни панели. Тимот Dеlta изработи прототип на уред и платформа за намалување на времето на детектирање на пожари, како и нивно пријавување од случајни минувачи. Тимот Numero Uno одговори креативно на предизвикот на NASA за изработка на видео во кое што ќе покажеме колку е “кул” планетата земја и ја освои наградата од публика.

Потврда за досегашниот успех и квалитет на решенијата креирани од тимовите во Македонија и на организацискиот тим на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот, којшто стои зад овој натпревар од почетокот, е што оваа година победничкиот тим од Македонија директно патува во Kennedy Space Центарот на NASА каде ќе има можност да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на NASA и комерцијалната вселенска индустрија.