Средношколец од Белград дресира пчели кои можат да се користат во медицината

28

pceli dresirani

Средношколецот Немања Филиповиќ од Белград дојде до еден сосема необичен изум. Тој дресирал пчели и постигнал успех, иако е тешко да се поверува во такво нешто. Од 100 возрасни единки, кои ги набавил од локалните пчелари, дури 30 ги обучил да се однесуваат како расни кучиња, а не како инсекти. За секоја успешно завршена работа, пчелките добивале слатка награда, пишува српска Политика.

pceli dresura“Со одредени компјутерски алгоритми, кои ја следат и преведуваат бојата и изгледот на пчелата, се доаѓа до прецизни податоци поврзани со детекција на одреден мирис. Таа прецизност достигнува и до 100%. Истражувањето покажува дека пчелите може да се користат во медицината за дијагностика преку мирис кај одредени заболувања, па дури и оние најтешките. Пчелите можат да и послужи и на полицијата за откривање на наркотци. Денес, пред се во Америка, се зголемува трендот наместо кучиња да се користат пчели за детекција на одредени мириси, бидејќи нивната дресура е поевтина и поефикасна“, вели средношколецот Филиповиќ.

Тој додава дека животниот век на возрасните пчели е околу 30 дена и, според неговите сознанија, дресираните пчели по завршената задача се враќаат во пчелното семејство за да продолжат со своите секојдневни активности.

pcelka

“Пчелите се тренирани да детектираат етерично масло од еукалиптус. Тренингот на секоја единка трае шест секудни, при што ’антените’ на пчелите ги допираме со стапче натопено со етеричното масло во траење од три секунди. Потоа, им даваме мед како награда, па на тој начин пчелите почнаа да го поврзуваат мирисот на еукалиптус со храна. За секоја пчела оваа процедура ја повторуваме осум пати и секоја од нив по тренингот е три пати тестирана“, изјавил Филиповиќ неодамна за српски Блиц.

Истражувањето на Филиповиќ е во рамки на програмата во Истражувачкиот центар Петница. Во овој центар беше реализирана едногодишна програма за млади истражувачи, што беше заокружена со конференцијата “Чекор во науката“. Дури 115 средношколци претставија 79 проекти од областа на повеќе научни дисциплини.