Српска компанија развива соларен автомобил

24

1

Тим експерти од српската компанија Aqos Technologies развива соларно – електричен автомобил, со желба да го измени изгледот на автомобилската индустрија, пишува Новости.

Еден од главните проблеми со кои се соочуваат светските стручни лица при создавање на соларен автомобил е вклопувањето на естетскиот, функционалниот и технолошкиот аспект. Тоа е целта на Aqos и во таа насока, во соработка со д-р Иван Валиџиќ, развиена е соларна фолија чии карактеристики оставаат простор за дизајнирање на соларно – конвенционално возило, чија естетика нема да биде нарушена.

Aqos Technologies е основана во Белград, а фокусирана е на истражување во автоиндустријата, дизајн на иновативни автомобилски делови и дизајн (производство) на ограничени серии на спортски автомобили.

2

3

4