Група млади професионалци од Белград се во завршна фаза на проектот Grasslamp, ламба која во просторот не внесува само светлина, туку и живот.
Ламбата е редок спој на нешто што секојдневно се користи и нешто што современиот човек воопшто не го прави – комуницира со природата, пишува Мондо.
Зеленилото расте на посебна подлога пред очите на сопственикот и не бара никакви посебни обврски.
За реализација на проектот, тимот се соочува со неочекуван проблем – производни капацитети. Тие до сега не успеале да најдат некој во Србија кој би можел комплетно да ја направи ламбата, затоа што сакаат сè да се прави на едно место и барем на почетокот, да пласираат српски производ.
За другиот важен дел, финансиите, Марко Вучковиќ, Иван Тодоровиќ, Бранислав Ристиќ, со помош на Милош Мијатовиќ и Никола Чабаркапа, за да соберат доволно пари за почеток на производство, проектот за неколку недели ќе го постават на crowdfunding платформата Кикстартер. Паралелно со тоа, проектот ќе биде претставен пред инвеститори на регионалниот старт-ап натпревар Eleven.